УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Почитувани корисници,
Ве молиме пред да ги користите нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секое купување направено на нашата официјална страница купи украс значи дека сте ги прочитале овие услови и во целост се согласувате со нив. Доколку условите за вас се неприфатливи, ве молиме не ја користете оваа апликација.

Купи украс ги има авторските права на сите содржини. Секое користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот  ќе се смета за повреда на авторските права и ќе подлежи на тужба.Купи украс може да ги промени овие услови во било кое време. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови кои се обврзувачки за Вас. Забрането е било какви незаконски, заканувачки, навредливи и други материјали да се праќаат до и од оваа локација.

Цените на сите производи се изразени во денари.

Купи украс го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување на корисниците. Корекција на цена нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот е обврзан да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно ако цената биде променета во меѓувреме.