За „Купи украс“

,,За доброто уво и комарецот е музика“ - Ирвин Шо

Во времето на многу готови производи на кои им недостасува душа енергија се создаде Купи украс рачно изработени парчиња со многу љубов, фантазија инспирација и позитивна енергија. 

Моите творби се дела кои не се создадени само со класично цртње, сликање туку и со комбинирање на техниката од еминентната полска и германска традиција на создавање и примена на хартиени исечоци истото што го применувале Пабло Пикасо Анри Матис и многу пред нив Марија Деланеј.

Сакајќи да ја искажам во целост замислената визија, а за да можам истата максимално да ја изразам користам различни парчиња на фина хартија со мотиви кој се избрани доста внимателно.Истите се вметнати на сликарското платно или на дрвени површини за различна намена кои се доработени со боење и сликање.Резултатот на овие дела е посебен, сложеноста на изработката и добиените димензионални форми не припаѓаат во класичната уметност но сепак се дела или пак скулптури, кои се нов правец на сликарството или парчиња за различна намена во домот или аксесоари за лична намена… Секое парче е уникат кое не се повторува и е приказна за самото себе. Сите мои дела се создадени кога моето расположение е најсилно и позитивно бидејки само тогаш креациите се вистински и најдобри.